АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ

Општина Валандово е позната по своите интересни археолошки локалитети кои придонесуваат за развој на кутлурниот туризам. На територијата на општина Валандово може да се видат следните археолошки локалитети:


- Листа на археолошки локалитети (Преземи XLSX) (Преземи CSV)


„Исар“ Марвинци – археолошки локалитет („Исар-Кале“) се наоѓа во близина на с.Марвинци, 7 км југозападно од Валандово. Местоположбата на локалитетот е на доминантниот  рид  југозападно над селото односно од левата страна на реката Вардар во насока север-југ по реката. Исто така во непосредна близина минува и стариот автопат кој ги поврзува северната со јужната граница. Во старо време на овој простор егзистирала праисториска населба, врз чии остатоци, благодарение на поволните услови и местоположбата во вардарската долина, подоцна се развила античка населба од хелинистичко време, која постепено прераснала во значаен економски, сообраќаен и културен центар на областа, во античко време нарекувана Амфакситида, протегајќи се на двете страни на реката Аксиос (Вардар). На  локалитетот се забележуваат, како населбата така и некрополата која  подолг  период  се истражува. За првпат локалитетот е  забележан во Првата  Светска  војна, кога се откриени  наоди  од железно време. Од археолошките  истражувања на локалитетот се забележува континуирано живеење од  VII век пред н.е. до VI век н.е.

Како први жители на овој локалитет, според  материјалните остатоци пронајдени од некрополите се јавуваат Пајонците. На месноста „Лисичин Дол“ во еден од гробовите е пронајдена и така наречената пајонска  свештеничка која ги нуди едни од најрепрезентативните  наоди од овој период во државата. Воедно, Пајонците се врзуваат и со најстарите  културни хоризонти кој се јавуваат  на локалитетот. Локалитетот континуирано опстанува и живее низ архајскиот, класичниот, хеленистичкиот, римскиот и доцноримскиот период. Овој антички град има  јака  местоположба  во Амфакситида кој ја контролирал вардарската магистрала (Via  Axia). Исто така  според градбите  и материјалните остатоци несомнено се работи за еден јако развиен и економски град. За првпат  овој град се споменува кај античкиот писател Тукидид, односно тој во опишувањето на Ситалковиот  поход ги набројува овие пајонски градови Добер и Идомене. Исто така е пронајден и римски миљоказ  на кој се испишани имињата на античките (Пајонските) градови Добер и Идомене  за  кои се претпоставува дека и двета града  се наоѓаат  во Валандовска  општина. Така во некои извори античкиот Идомене се претпоставува дека е градот на Исар Марвинци. Акрополата се наоѓа  на  зарамнетото плато на самиот рид, таа била заштитена со големи масивни бедеми кој пак ја штитат  градската администрација, објектите од јавен и култен карактер. Еден од најважните објекти на овој локалитет  е  Храмот кој бил подигнат  од  еден македонијарх завршен во 181г. н.е. Тој бил посветен на Херакле односно на иператорот Комод, кој по неговото владеење неговото име  било одстрането од архитравната греда, а храмот останал и продолжил да е во функција во понатамошното живеење.

ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА НИЗ ЛОКАЛИТЕТОТ ИСАР - МАРВИНЦИ

 

Археолошки комплекс „Валандово“ за кој на просторот на денешниот град се утврдени остатоци од римската антика, која интензивно е присутна во сите три зони на археолошкиот комплекс „Валандово“. Тоа се остатоци од пеонската цивилизација, како и од елинистичкиот, римскиот и рано византискиот период, кога античко Валандово достигнало висок степен на цивилизација.

1 зона: Откриена е мозаична површина од околу 200м², во северозападниот дел на градот.

2 зона Мозаици се откриени и во месноста „Расадник“, во јужниот дел на Валандово, односно во месноста „Стакина чешма“.

3 зона Во реонот на изворот „Свети Петар и Павле“ и манастирот „Свети Ѓорги“ како и просторот околу нив.

Во атарот на градот Валандово има локалитети на кои се среќаваат повеќе временски културни хоризонти.

На месноста Зелениште, при изградба на здравствениот дом во Валандово откриени се раноантички гробови. Погребувањата се извршени во гробови цисти со инхумација и истите се изградени од блоковите изработени од бигор. 

„Стакина Чешма“ е локалитет од римско време, кој се наоѓа во непосредна  близина  на градот а може  да се каже дека е и во самиот град. Локалитетот „Стакина Чешма“ е инзвонреден локалитет на кој засега е откриена само една куќа, палата која досега се сметаше како вила рустика. Според  рекогносцирања констатирани се градежни материјали и керамика на поголем простор на тој терен. Но сепак поради недоволно истраженоста на самиот локалитет неможе да се смета за  вила рустика,  како што и обемот на  градот засега е непознат. Самата  палата  се смета дека е подигната во доцните години нa III век н.е. или можеби во раните години на IV век н.е. Објектот има повеќе соби во кои на подовите се пронајдени ексклузивни мозаици кои се изработени во опус сектиле и опус теселатум. При археолошките истражувања се откриени доста фрагменти на фина трпезна керамика, ламби (луцерни) и монети од Лициниј, Константин I и Констанциј II.

Локалитетот „Исар Кула“, е градиште но поради неистраженоста на  самото градиште не дозволува  точна  датација за неговото егзистирање, но во некои извори тој се споменува како доцноантичко и средовековно градиште. Ова градиште е чело на еден долг, карпест планински срт со стрмни падини. Локалитетот се наоѓа северозападно од градот, на месноста „Извор“ и се протега  долж сртот над манастирот „Св. Ѓорги“ па се до ден денес видливата и добро сочувана одбранбена кула. Ова градиште има инзвонредна местоположба која е тешко достапна и била тешка за освојување а со самото тоа пак лесна за одбрана. Денес на самиот терен се видливи големи одбранбени зидини бедеми. Можеби ова е споменатитот пајонски град  Добер од Тукидид.

 

„Идомена“ претставува подземен споменик на културата кој потекнува од пред римскиот период, некаде од крајот на IV или почетокот на V век п.н.е.

 

„Добер“ претставува некогашен епископски град, за кој се претпоставува дека се наоѓа во Валандовската котлина, североисточно од Идомена. Градот Добер за првпат се споменува кон крајот на V век од страна на хелинистичкиот историчар Тукидит.

 

„Некрополата кај с.Дедели“ е нем сведок на древната култура кој припаѓа на т.н. рамни скелетни гробови од пеонско време, оградени со камени плочи во форма на ковчези (цисти). Некрополата кај Дедели е од голем обем и зафаќа површина од околу 1.000 м². На левата страна на патот Валандово – Дојран се наоѓа село Дедели. И оваа некропола за прв пат е пронајдена во 1917 година во Првата светска војна. На месноста „Мелезик“ во село Дедели се наоѓа локалитетот, некропола од железно време. Во оваа некропола погребувањата се извршени со инхумација во гробни конструкции (цисти) но се појавуваат и погребувања во големи керамички садови (питоси). Според материјалните остатоци се работи за некропола од железно време и е датирана VII век п.н.е. до VI век п.н.е.

Валандовската општина изобилува со многу археолошки локалитети кои дел од нив сеуште не се ни истражени. Всушност тоа е еден дел од античката Македонска област Амфакситида која е споменувана во многу антички извори. Низ неа минува едена од најпрометните патни магистрали односно Вардарската магистрала (Via Axia) но секако има и други патни делници кои минуваат низ Валандовската општина, тука е и патната делница која го поврзува Валандовскиот реон со Струмичкиот, исто така од тука минува и другиот патен крак кој се дели од вардарската магистрала, минувал низ градот Валандово па покрај преминот Дедели доаѓа до Дојран и продолжувал до Солун. Патните мрежи, добрите климатски услови за земјоделие и сточарство и рудните богатсва  кои се многу важни за културниот и економски развој на населението на овие простри, го прават  овој простор многу поволен за да биде населен од праисторијата па се до ден денес.

 

„Фосилите кај Башибос“ претставуваинтересна културна наслојка во месноста „Јолбурун“ во Прстенска река, фосили на животни од семејството наслонови т.н „мастодони“ (вид слон од пред потопот).

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches