Информација за одржување на јавна расправа по

нацрт Студија за оцена на влијание врз животната средина за Под – проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3Општина Валандово

 

                   Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на “Под – проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3” Општина Валандово, заедно со партнерите од компанијата ENCON ја изработија Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина.

Проектот за Систем за наводнување СтраиштеIII фаза ќе се реализира со финансиска помош од Германската Банка за развој (KfW).

Јавната расправа по нацрт Студијата за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3” Општина Валандово, ќе се одржи на ден 21.08.2019 година во просториите на Домот на култура “25 Мај”, Валандово, со почеток во 11 часот.

 

                Студијата за ОВЖС е подготвена со цел навремено да ги евидентира влијанијата врз медиумите на животната средина и општествените аспекти кои ќе бидат резултат на спроведувањето на проектните активности, предлага мерки за нивно ублажување и план за следење на предложените мерки со вклучени одговорни лица.

                 Нетехничкото резимеод Студијата е достапно на увид на веб страната на Општина Валандово (http://www.valandovo.gov.mk/).Заинтересираната јавност своите забелешкипо однос на нацрт Студијата можат да ги достават во писмена форма до одговорните лица за контакт до 23.08.2019 година.




Повеќе

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР