Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов одржа работен состанок со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.

На состанокот се разговараше за имплементацијата на проектите поддржани од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за регионален развој како и за оние поддржани преку националното кофинансирање на проекти за прекугранична соработка. Беа поставени нови приоритети и цели, за наредниот период и беше договорена соработка која ќе продолжи да реализира проекти и решава проблеми во општина Валандово.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР