In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Градоначалникот на општина Валандово, г-дин Николче Чурлиновски во Здравствениот дом “Здравје“ Валандово го посети првороденото бебе во 2012 година во Валандово, кое и официјално е првиот жител на општина Валандово во 2012 година. Бебето е од женски пол, тешко е 3390 грама, долго е 51 см, и се роди на 02.01.2012 година. Среќната мајка е Ивана Божинова од Горна Мала село Јосифово.
Градоначалникот ја искористи приликата на среќните родители да им ја честита новородената ќерка со желби за нејзино среќно и безгрижно растење и детство, и на семејството му врачи пригоден подарок.
|
|
|
|
| 4°C | 12°C | 16°C |
| Чет | Пет | Саб |