ЗАВРШЕНА Е ВТОРАТА ФАЗА НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА ВО БОЈМИСКИОТ РЕГИОН
Август 2019 - Започна реализацијата на втората фаза од изградбата на канализационата мрежа во Бојмискиот реон. Оваа фаза, во себе опфаќа инсталирање на секундарна цевководна мрежа во должина од 3285 метри и изградба на 116 канализациони шахти. Предвидениот рок за реализација е 120 денови.
Со завршувањето на втората фаза од изградбата на канализационата мрежа, Бојмискиот реон станува целосно опфатен со примарна и секундарна канализациона мрежа за фекални и отпадни води. Општина Валандово, со оваа капитална инвестиција го решава најголемиот комунален проблеми за граѓаните од овој дел од општината и продолжува да гради еднакви услови за живот, за секого.
?