ИЗГРАДЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР НА УЛ. 6-ти НОЕМВРИ ПОКРАЈ ООУ "ЈОСИП БРОЗ ТИТО" ВАЛАНДОВО
На 30.03.2018 година објектот (работилница) на ЈП Комунален сервис - Валандово кој се наоѓаше до ООУ "Јосип Броз Тито" Валандово беше рушен со тешка градежна механизација.
На локацијата на постоечкиот објект е изграден паркинг простор кој има за цел да ја зголеми безбедноста при транспортот на учениците до училиштето како и да се подобри сообраќајната фрекфренцијата на улицата 6-ти Ноември.
Целиот проект за изградба на паркинг просторот е завршен во мај 2018 година.
?