Потпишан е договорот за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза

На ден 11.03.2019 (Понеделник), со почеток во 09:00 часот, во Домот на културата "25 Мај" Валандово, се одржа настан на кој во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, претставникот на ГИМ, Михо Јаневски, како и претставникот на АХТ груп АГ, Едуарт Плател, од страна на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставникот на Штрабаг , Златан Ѓурѓиќ, се потпиша договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза.

Според договорот кој беше потпишан денес, предвидено е изведбата на градежните работи да трае 21 месец, во кој период би се изградил главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и целосно модернизирање на мрежата за наводнување. Бенефит од овој проект ќе имаат 1300 домаќинства или 4500 граѓани кои живеат во атарот на селата Удово, Јосифово и Пирава. Изградбата на новиот систем за наводнување ќе обезбеди континуирано снабдување со вода за наводнување 24 часа, 365 дена во годината, со што ќе се создадат услови за обработување на сите расположиви земјоделски површини во ова подрачје.

По реализација на втората фаза од проектот "Јужновардарска долина", предвидена е реализација на трета фаза од проектот, која ќе го опфати земјоделското земјиште во атарот на населените места Валандово, Раброво, Собри и Чалакли.

Проектот "Јужновардарска долина", се финансира со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка "KFW" и со средства од Владата на Република Северна Македонија.

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches