САКАМЕ ХУМАНА ЗАЕДНИЦА - ПОДАВАМЕ РАКА СЕКОМУ


Објавен е јавен повик за работно ангажирање и учество во проектот „Се Грижиме“ како дел од Програмата за Општинско – корисна работа предвидена во договорот за соработка на Општина Валандово со УНДП и АВРСМ.

Проектот „Се Грижиме“ предвидува формирање тим од неколку лица, за помош на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост.

Во тимот за помош и поддршка ќе бидат вклучени:
🔹️ 2 медицински лица;
🔸️ 1 негувател за деца од претшколска возраст;
🔹 4 лица за основни работи;
🔸 1 фасилитатор за користење на социјалните услуги на локално ниво.

Членовите на мобилниот тим ќе имаат задача да се во секојдневна комуникација со граѓаните кои имаат потреба од помош и на истите да им пружат основна медицинска помош и набават прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и сл.

Сите евидентирани невработени лица, кои сакат да се вклучат во проектот и бидат работно ангажирани со скратено работно време за период од девет месеци, можат да се пријават во Агенцијата за вработување - Валандово.

👉 Јавниот повик го има на следниот линк: https://valandovo.gov.mk/CMS/Upload/Dokumenti/3.%20Javen_povik_OKR_2022_Valandovo.pdf



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР