МЕХАНИЗАМ ЗА ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ


Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска подршка од Светска Банка за подобрување на локалната патна мрежа и условите за живеење во општините на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

За целите на реконструкција на постојната локална патна инфраструктура (урбаните/руралните улици, регионалните и локалните патишта), пешачките патеки, уличното осветлување, одводнувањето и градењето на капацитетите на општинскиот персонал, инвестиција од 70 милиони евра е обезбедена и надлежен орган за искористување на средтсвата е Министерството за транспорт и врски (МТВр) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) со спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта (ППЛП).

ЕИП во рамките на МТВр согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Подолу, во делот за документи, во прилог се прикачени целосниот текст од механизамот и образецот за жалби и поплаки во врска со Проектот.


ДОКУМЕНТИ:

- Механизам за жалби и поплаки (pdf)

- Образец за жалби и поплаки (word)


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР