ПОСТАВЕНИ ТРИ АГРОМЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Во општина Валандово има поставено три агрометеоролошки станици и истите имаат за цел да овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки и да се добиваат правовремени податоци за влажноста и температурата на воздух, правецот и брзината на ветерот, сончевата радијација, влажноста и температурата на почвата, влажноста на листот и прогнозата за болести, кои се неопходни за земјоделецот при управување со земјоделските култури.

Проектот "Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина" се имплементира од ЦРЈПР во соработка со општина Валандово, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Исто така во Домот на култура "25 Мај" Валандово се одржа информативен настан за користење на нови методи во земјоделието, преку користење на современи агрометеоролошки станици кои во претходниот период беа инсталирани во општина Валандово.
Присутните на настанот имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање и значењето на агрометеоролошките станици кои овозможуваат навремено третирање на земјоделскиот производ, дополнителна вредност за земјоделецот и поголема заштита на животната околина.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР