ИЗГРАДЕНА Е НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БРАЈКОВЦИ


Брајковци ја доби првата детска градинка, која ќе ја посетуваат деца од четири околни населени места. Овој објект ќе значи многу за раниот детски развој во регионот. Продолжуваме да вложуваме во детската заштита и во иднината на секое дете. 

Градинката претставува нов модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и ќе обезбеди современи услови за згрижување и престој на 40 деца.

Новата градинка содржи 2 занимални, санитарни јазли, кујна, трпезарија, тоалети и други потребни простории на вкупна површина од 360.23 квадратни метри, а, за истата средства се обезбедени од МТСП.

Новата детска градинка, покрај граѓаните од с.Брајковци, предвидено е да ја користат и граѓаните од соседните населени места и со истата се овозможуваат рамноправни образовни услови и процеси за децата од „Бојмискиот реон“ со останатите деца од општината.

Проектот започна кон средината на 2018 година а целосната изградба на градинката и хортикултурно уредување на просторот околу неа заврши во 2019 година.

На 12.12.2019 година градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги посетија новата детска градинка во Брајковци и реконструираната детска градинка, во Валандово. 

Министерката ги презентираше проектите од областа на детска и социјална заштита за 2018 година. Таа посочи дека Министерството во Буџетот за 2018 година обезбеди средства за новиот објект во Брајковци, во износ од 8.600.000,00 денари за градежни работи и средства за набавка на опрема во износ од 1.450.000,00 денари.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР