На 01.03.2021 година започна да се инсталира ново, енергетски ефикасно јавно осветлување во општина Валандово.

Целиот процес опфати замена на 1800 сијалични места од јавното осветлување во градот и останатите населените места од општината. Замената на старите натриумови со нови ЛЕД сијалици, ќе придонесе до намалување на емисиите на штетни стакленички гасови за 424,6 тони и зголемена заштеда на финансиски средства за околу 50%. Овој процес се имплементира преку ЕСКО модел.

ЕСКО моделот, претставува можност за склучување договори за реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност на јавното осветлување и јавните објекти, како и за набавка на енергетска опрема и инсталации, без претходно обезбедување на средства од страна на општинскиот или државниот буџет.

Финансирањето, изведбата и гаранциите за имплементацијата на проектот ќе ги сноси ЕСКО компанијата, која е избрана по јавниот оглас, додека пак ануитетот кон ЕСКО компанијата, општината ќе го плаќа исклучиво од заштедата на енергијата со месечни ануитети до реализацијата на договорот, без зголемување на цената за јавно осветлување.

По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат во сопственост на општината.

Градскиот плоштад доби ново ЛЕД енергетски ефикасно јавно осветлување на градскиот плоштад и во моментов привршува изведбата на:

🟢 ️Нова електрична инсталација;
🟢️ Нови столбови;
🟢️ ЛЕД енергетски ефикасни светилки.

Градот добива ново модерно и економично осветлување. Замената на старите натриумови со нови ЛЕД сијалици, ќе придонесе до намалување на емисиите на штетни стакленички гасови и зголемена заштеда на финансиски средства за околу 50%. Овој процес продолжува на територијата на целата општина и истиот претставува капитална инвестиција за општината.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР