ОПРЕМУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ ЛАБАРАТОРИИ И УЧИЛИШЕН МЕДИУМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВАЛАНДОВО И ЈОСИФОВО


Во ООУ "Страшо Пинџур" Јосифово, ООУ "Јосип Броз Тито" Валандово и СОУ "Гоце Делчев" Валандово, е инсталирана нова компјутерска опрема со која целосно се опремени новите училници по информатичка технологија. Опремувањето на новите училници е проект за чија реализација се одлучи на граѓански форуми организирани во општина Валандово, во претходниот период.

Форумите беа дел од проектот "Зајакнување на општинските совети" и истите послужија како демократска алатка за реализирања на мислењата и предлозите на граѓаните. Со гласање, учесниците на форумот, за проект кој ќе се имплементира го избраа "ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училишен медиум" кој ги опфаќаше трите општински училишта.

За реализација на овој проект, беше предвиден фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирани од УНДП.

Во февруари 2020 година, швајцарската амбасадорка, Н.Е. Сибил Зутер Техада, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Совет, Владимир Марков го посети СОУ "Гоце Делчев" Валандово, кое е едно од трите училишта во кои претходниот период беше инсталирана нова компјутерска опрема со која целосно се опремија нови училници по информатичка технологија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР