РЕНОВИРАНА Е ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВАЛАНДОВО


Кон средината на 2019 година започна реконструкција на полициската станица во Валандово од страна на Министерството за внатрешни работи. После неколку децении, овој објект се обновува и општината добива реновирана полициска зграда за припадниците на валандовската полиција. Реконструкцијата опфаќа замена на електричната и комуналната инсталација на објектот, реновирање на внатрешните простории, нова фасада и заменување на столаријата.

Реконструкцијата на ПС Валандово беше најавена при посетата на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на локалната самоуправа во Валандово и ПС Валандово, каде беше нотирана и неопходноста од инвестирање во современ и функционален објект за полициските службеници во Валандово.

Ноември 2019 - После неколкумесечни градежно-санациски работи, објектот на полициската станица во Валандово е реновиран, обновен и прилагоден за нормално функционирање на полициската служба. Министерството за внатрешни работи од сопствени средства во висина од 3,1 милиони денари го финансираше санирањето и реновирањето на овој објект, како што тоа континуирано го правевме во изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата.

Се разбира сето тоа само со една единствена цел: воспоставување на квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организационите единици при МВР, односно на сите полициски службеници.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР