РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА "КАЛИНКА" - ВАЛАНДОВО ВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ


Од јули 2019 година, започна реконструкцијата на детската градинка "Калинка" во Валандово, во енергетско ефикасен објект. Реконструкцијата опфаќа: промена на кровната конструкција, изведба на термо фасада, енергетско ефикасна столарија, поставување на фото волтаици за производство на електро и топлотна енергија, замена на системот за парно греење, реконструкција на санитарните јазли, како и поставување на нови подни површини.

Проектот за реконструкција на детската градинка е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција, каде Општина Валандово е носител на проектот, заедно со партнерските општини Серес и Радовиш, музичкиот конзерваториум од Грција и ЦЕРТ. Со реализација на овој проект, Валандово ќе добие целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен објект во кој најмалите од нашата општина безбедно и софистицирано ќе го следат воспитно образовниот процес со заштеда на енергија од 70%. Изведбата на градежните работи е планирано да трае три месеци, започнувајќи од наредната недела.

ЛИНК до 3D анимација.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР