АСФАЛТИРАНИ СЕ ПЕТ УЛИЦИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА БАЛИНЦИ, ПИРАВА, УДОВО И МАРВИНЦИ


Мај 2018 - Започната е реализација на "Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици" во општина Валандово.

Програмата опфати изградба на четири улици во населените места на општината (Балинци, Пирава и Удово), како и санација на оштетените делови од улиците.

Јуни 2019 - Се асфалтираше улицата во населеното место Марвинци, која ги поврзува магистралниот пат Р-1401 со Горна Мала - Марвинци. Улицата е долга 570 метри и на истата ќе биде поставена 2.042 квадратни метри асфалтна маса. Изведбените работи на улицата, ќе траат 40 работни денови.

Со изградбата на оваа улица, Општина Валандово реши еден од клучните проблеми за граѓаните од ова населено место и продолжува да гради заедница со еднакви услови за живот, на сите граѓани.

Февруари 2020 - Низ повеќе населени места се изврши насипување и тампонирање улици во повеќе населени места според потребите на граѓаните.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР