ИЗГРАДБА И АСФАЛТИРАЊЕ НА НОВИ УЛИЦИ ВО ЧАЛАКЛИ

Првата улица која се изгради во должина од 670 метри ги поврзува централниот влез на Чалакли со основното училиште.

Втората улица е со должина од 650 метри и ќе го поврзе централниот дел на населеното место со влезот во Татарли. Значително ќе ја подобри поврзаноста на граѓаните, сообраќајната безбедност и квалитетот на живот на околу 50 домаќинства од овие населени места.

Со реализација на овие два инфраструктурни зафати, Чалакли за прв пат добива нова патна инфраструктура и целосна поврзаност на влезот и излезот на населеното место со сите важни објекти за заедницата.

Преку рамномерна распределба на јавните средства, граѓаните добиваат еднакви услови за живот и рамномерен развој во секој дел од општината.

ЛИНК до видео

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР