РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО ВАЛАНДОВО
Се реконструираа улиците „Борис Кидрич”, „Едвард Кардељ”, „Васил Главинов” и „Вељко Влаховиќ” во градот Валандово.
Реконструкцијата на улиците опфати замена на неколку децениската стара со нова водоводна мрежа, асфалтирање на улиците и бетонирање на оштетените делови од тротоарските површини.
Се решаваат проблемите со честите дефекти при водоснабдувањето и се обезбедува квалитетна и безбедна инфраструктура, за граѓаните кои живеат во тој дел од градот.





?