Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 28 јануари 2021 година (четврток) во 13,00 часот, во   Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.

За работа на четириесет и третата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2020 година до 31.12.2020 година;
  2. Извештај за реализацијатата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2020 година;
  3. Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2021 година;
  4. Извештај за реализацијата на Програмата за одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2020 година;
  5. Извештај за работата на Територијалната противпожарна единица Валандово во 2020 година;
  6. Извештај за реализираната годишна програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2020 година;
  7. Предлог - Програма за работа на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај“ Валандово за 2021 година;
  8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2021 година;
  9. Предлог-Одлука за давање право за поставување на урбана опрема – покриен шанк и тераса со настрешници во Валандово на КП 2837 КО Валандово; 
  10. Предлог-Одлука за давање право за поставување на урбана опрема шанк и тераса со или без настрешници во Пирава на КП 15328 КО Пирава; 
  11. Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Валандово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);
  12. Предлог – Одлука зa одобрување на средства за реализација на програмски активности на Фудбалски клуб „Младост“ Удово;
  13. Предлог-Одлука за утрдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на Јавната Општинска Установа-Детска градинка „Калинка“ Валандово за 2021 година;
  14. Предлог-Одлука за утрдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници во Јавната Општинска Установа-Детска градинка „Калинка“ Валандово за 2021 година;
  15. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и за избирање член на Комисијата за јавно осветлување.

 

 Совет на Општина Валандово

 Претседател

 Владимир Марков

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches