ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ВАЛАНДОВО


🏫 Деновиве градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ги посети ООУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово и ПОУ „Цветан Димов“ во Казандол, каде активно се подобруваат условите во училишните објекти и континуирано се создаваат значајно подобри услови за реализација на образовниот процес.

🟢 Во моментов се изведуваат следниве градежни активности:

🔸️ Реконструкција на подната површина во училишниот хол во Валандово;
🔸️ Реновирање на четири санитарни јазли;
🔸️ Изградба на ограда околу школскиот двор во Казандол.

🟢 Во текот на претходната година беа реализирани следниве проекти:

🔹️ реконструкција на кровната конструкција на централното училиште;
🔹️ реновирање на училишната трпезарија;
🔹️ набавка на компјутери за целиот наставен кадар;
🔹️ изградрна сала за состаноци со комплетно нов инвентар, врати и прозорци во подрумскиот дел;
🔹️ изградба на нови санитарни јасли;
🔹️ замена на сите врати на училниците и останатите простории на вториот спрат;
🔹️ реновирана канцеларија за наставници;
🔹️ поставување на нов епоксиден под во училиштето во Пирава;
🔹️ изградба на ограда во школскиот двор во Пирава;
🔹️ реконструкција на кровната конструкција на училишниот објект во Чалакли;
🔹️ хортикултурно уредување и изградба на летниковец во училишниот двор во Чалакли;

Вложуваме во современ и безбеден образовен процес и постојано ги подобруваме условите во сите училишта. Инвестициите во образованието и подобрувањето на состојбите во училишните објекти, се наш приоритет.



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches