ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛМС НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Врз основа на член 16 став 1 и член 18 став 2 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/2020) и член 43-а став 1 и член 43-в став 2 од Статутот на Општина Валандово, Локалното собрание на млади на Општина Валандово објавува:

 

Ј А В Е Н   П О В И К

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА

ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

 

1. Се започнува постапка за избор на членови на Локален младински совет на Општина Валандово.

Локалниот младински совет на Општина Валандово е тело кое има советодавна и застапувачка улога во Општина Валандово, основан заради активно учество на младите во јавниот живот на општината, со цел подобрување на положбата на младите на локално ниво и решавање на прашања од интерес на младите.

Со овој Јавен повик СЕ ПОВИКУВААТ сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општина Валандово, кои имаат активности на територијата на општина Валандово, да номинираат свој/и кандидат/и на возраст од 15 до 29 години кои би биле потенцијални членови на Локален младински совет на Општина Валандово.

2. Локалниот младински совет на Општина Валандово брои 5 члена.

Локалниот младински совет на Општина Валандово од своите редови избира претседател и заменик претседател. Членовите на Локалниот младински совет на Општина Валандово се бираат со мандат од  две години.

 

Начин на пријавуање

3.  Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава на следната е-маил адреса: administracija@valandovo.gov.mk или во печатена форма во архивата на Општина Валандово со назнака Апликација за Локален младински совет на Општина Валандово.

 

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

-          Унифицирана пријава;

-          Мотивационо писмо за учество во Локалниот младински совет;

-          Извештај  со наведени активности и постигнувања во работата со и за млади;

-          Кратка програма и визија за сопственото учество во Советот (овој дел ќе биде составен дел од унифицираната пријава).

 

Доколку организацијата која номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на Општина Валандово е член на Локалното собрание на млади на Општина Валандово, согласно апликацијата не мора да поднесе мотивационо писмо, Извештај со наведени активности и програма.

Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

 

Рок на пријавување

Јавниот повик трае 10 дена, вклучувајќи го и денот на објавувањето на веб страната на Општина Валандово  www.valandovo.gov.mk, односно од 10.09.2021 – 20.09.2021 година.

                   

Предложените кандидати, за кои организациите поднеле уредни пријави, ќе бидат поканети истите кратко да ги образложат пред членовите на Локалното собрание на млади на Општина Валандово, по што ќе следува тајно гласање за избор на членови на Локалниот младински совет.

 

За повеќе информации околу повикот може да се обратите на следниот контакт:

Службеник за млади на Општина Валандово – Владимир Лазов

Е-маил адреса: vlatko.lazov@live.com

Телефонски број: 071/239-849

Општина Валандово

Локално младинско собрание

Претседавач

Софија Гетова


ДОКУМЕНТИ:

- Јавен повик (pdf)

- Пријава (word)

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches