НОВИ МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ПРЕКУ СОРАБОТКА СО ЕУ


Преку е - платформата "via Interactio" градоначалникот Перо Костадинов го одржа осумнаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет.

Заедничкиот консултативен комитет е заедничко тело на локалните самоуправи од нашата држава и на ЕУ. Истиот, делува во рамки на Комитетот на регионите на ЕУ и претставува алка на соработка меѓу телата на ЕУ и нашите локални самоуправи.

Во овој мандат на Заедничкиот консултативен комитет копретседават градоначалничката на нашата збратимена општина Трбовље, Јасна Габриќ како претставник на ЕУ и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На денешниот состанок со претставниците на ЕУ се разговараше за предизвиците во време на пандемијата предизвикана од вирусот "Covid-19", за можностите за вклучување на нашите општини во меѓународни финансиски програми на ЕУ, се разменија најдобри практики од локалните самоуправи од ЕУ при локалното управување, како и за можноста за збратимување со локални и регионални власти од ЕУ како алатка за стекнување нови искуства и можност за развој локалните економии.

Состаноците на ЗКК се алатка преку која имаме можност да комуницираме со нашите колеги од ЕУ и да влијаеме на идните одлуки на телата на унијата во насока на подобра соработка, искористување на отворените можности од страна на унијата и навремено надминување на заедничките предизвици на новото време.

Општина Валандово, редовно ги користи фондовите на ЕУ и благодарение на овие средства реализира повеќе проекти од капитален карактер во општината. ЕУ отвара перспективи за нашата општина и креира нови можности за граѓаните. Општина Валандово е целосно отворена за соработка и е подготвена да ја искористи секоја можност, која значи напредок и развој.

Општината има вредности и квалитети, кои можат да бидат конкурентни во ЕУ и светот. Потребни се само отворени граници и слободен пазар. Сето она, што ЕУ значи и нуди. Како општина и држава стремиме кон европска иднина и од истата не отстапуваме 🇲🇰🇪🇺



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches