ТРЕТ СОЦИО-ЕКОЛОШКИ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ


Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, како и колеги градоначалници и претставници на невладини организации од регионот и Европа, викендов на панел дискусија на тема „Преобликување на нашите градови преку климатски позитивен развој“ во Скопје разговараа за екологијата, енергетската транзиција и социјалната правда, како заеднички предизвици.

Градоначалникот Перо Костадинов истакна дека праведноста, како универзална вредност кон која стремиме, особено кон ранливите групи граѓани, во време на криза претставува надеж и темел за нов почеток.
„Социјалната правда во време на криза е суштинскиот столб преку кој општеството останува праведно и вредно да опстане. Социјалдемократијата како политичка доктрина е повеќе од потребна денес. Сега е време за храбри социјалдемократски политики и решителни индивидуи, кои силно веруваат во истите. Потребна ни е енергетска транзиција час поскоро, во која ќе учествуваат сите групи на граѓани. Зелена енергија достапна за секој еден човек е заедничка цел. Продолжуваме напред, одговорно“, рече Костадинов.

Инвестициите во капацитети за производство на зелена енергија, е тема на која е неопходно да посветиме внимание и можност за напредок на целиот регион.
Потребна ни е брза енергетска транзиција и зелена енергија достапна за секој човек. Социјалната правда во овие процеси, е суштинскиот столб преку кој општеството останува праведно и вредно да опстане.



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches