ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на дваесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам дваесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово. Седницата ќе се одржи на ден 28 ми април 2023 година (петок) во 15:00 часот во салата

за седници на Советот на Општина Валандово.

 

За работа на дваесет и првата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1.         Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2023 година до 31.03.2023 година;

2.         Предлог - Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина

Валандово за 2023 година;

3.         Предлог – Одлука за продажба на движна ствар сопственост на Општина

Валандово;

4.         Предлог - Одлука зa финансиска подршка за покривање на трошоци на 30-тиот меѓународен фестивал пролетни веселби „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“ – Чалакли, Валандово;

5.       Предлог – Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности водоснабдување и одведување на отпадните води во населеното место Удово, Општина

Валандово на ЈП “Комунален сервис“ Валандово;

6.         Предлог  –   Програма  за  дополнување  на   Програмата  за  урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;

7.         Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година;

8.         Предлог – Одлука за поведување на постапка за ажурирање на Процената на

загрозеноста на подрачјето на Општина Валандово од сите ризици и опасности;

9.         Меѓуопштински стратешки план за намалување на ризиците од катастрофи на

Општините Валандово и Дојран 2023-2027 година;

10.       Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на Општинската организација на Сојузот на борците на Македонија 1941-45 година и граѓани продолжувачи Валандово;

11.       Предлог – Одлука зa одобрување на финансиска поддршка  на Училишниот спортски клуб „Валандово“, за организација и реализација на “Мали олимписки игри” за основни училишта;

12.       Предлог – Одлука зa одобрување финансиска поддршка по повод 6-ти мај Ѓурѓовден на Здружение за подобрување на квалитетот на животот во МЗ Пирава;

13.       Предлог – Одлука зa продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на населено место Пирава, Општина Валандово.

 

 

 

 

 

 

Претседател

на Совет на Општина Валандово

Владимир Марков

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches