ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на дваесет и осмата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам дваесет и осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден  29 ти ноември 2023 година (среда) во ­­­14:00  часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на дваесет и осмата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
  2. Нацрт – Буџет на Општина Валандово за 2024 година;
  3. Предлог – Одлука за одобрување средства за реализација на програмски активности на Општинската Организација на Црвениот крст Валандово;
  4. Предлог – Правилник за организационата поставеност на „Фолк Фест“ Валандово;
  5. Предлог – Елаборат за измена на елаборат за проценета штета од елементарна непогода: луња и град која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово;
  6. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
  7. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Валандово за 2024 година;
  8. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Валандово за член на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Калинка” Валандово;

 

 

 

  1. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на Комисија за јавно осветлување и за избирање на претседател и на членови на комисијата.

 

 

                                                                                                                 Претседател

                                                                                     на Совет на Општина Валандово

                                                                                                                Владимир Марков

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches