ПОСТАВЕНО НОВО LED ОСВЕТЛУВАЊЕ НА БУЛ. ПРВОМАЈСКА ВО ВАЛАНДОВО
Поставувен е целосно нов систем за осветлување на градскиот булевар Првомајска во Валандово.
Новиот систем за осветлување на градскиот булевар во себе опфаќа, поставување на 14 нови челични столбови, нова кабелска инсталација, како и целосно заменување на старите натриумови со 42 нови штедливи ЛЕД сијалици, со што значително ќе се допринесе во подобрувањето на прегледноста на возачите во најфрекфрентниот дел од градот и зголемувањето на безбедноста на сообраќајните учесници.
Проектот е реализиран во 2019 година.
?