УРЕДЕН Е ПАРКОТ НА ПЛОШТАДОТ ВО ВАЛАНДОВО
Проектот во себе опфаќа поставување на метални рамки на патеката која води од пензионерскиот дом кон споменикот, кои создаваат илузија на разиграна структура. Целосно е реставрирана, осветлена и обоена телефонската говорница а на веќе постоечките липи и борови се поставени нови, дрвени жардинерии, кои исто така се осветлени.
Старите искршени клупи се отстранети и заменети со три целосно нови, дупли клупи, долги 4 метри, околу кои има осветлување.
?