АСФАЛТИРАНИ И БЕТОНИРАНИ СЕ ДЕВЕТ УЛИЦИ И СОКАЦИ ВО ВАЛАНДОВО
На 21.06.2018 година согласно "Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици" во општина Валандово, се започна со изградба, на еден од деветте градски сокаци, како и санација на оштетените делови од улиците, предвидени во истата.
На 13.07.2018 година започна асфалтирањето на деветте градски улици и сокаци, како и санирање на ударните оштетени делови од улиците во градот, опфатени во програмата.
За реализирањето на овој дел од "Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици", општината издвои 2.468.974 денари, сума добиена по претходно реализираната јавна набавка на системот “e-nabavki.com“ и за реализација на истата беа предвидени 40 работни денови.
01.08.2018 - Заврши асфалтирањето и бетонирањето на деветте градски улици и сокаци, опфатени во “Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици“.
Инаку, како дел од оваа јавна набавка е и санирањето на одредени оштетени делови од останатите улици во градот со што се изврши целосно реализирање на годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални улици и патишта, донесена од Советот на општина Валандово.