СОВЕТНИЦИ


Според член 18 став 2 од Статутот на општина Валандово, Советот на општината го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.


Листа на советници и комисии во кои членуваат - мандат 2021-2025 (Преземи .xlsx)


  

Владимир Марков - Претседател на Совет од редовите на СДСМ

Роден е 11.09.1986 година во Струмица. Основно и средно образование завршил во Валандово, а дипломирал на економскиот факултет во Скопје.

Работи како сметководител во „Дим Комерц“ ДООЕЛ Валандово.

Во 2017 година, како носител на победничката листа на СДСМ, станува претседател на Советот на општина Валандово.

- Втор мандат советник


СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СДСМ


 

Надица Недиќ

Родена на 11.07.1983 година во Струмица. Дипломирала на Филозофски факултет во Скопје, и се стекнала со звање Дипломиран социјален работник.

Работи како раководител на служба во ЈУМЦСР на град Скопје.

- Прв мандат советник

Нафи Караелмазов

Роден е 18.03.1962 година во селото Плавуш, Валандовско. Своето образование го завршува во својот роден град каде што ја отвара сопствената транспортна фирма „Севинч“.

Како стопанственик работи повеќе од 38 години во дејноста на транспорт и шпедиција.

- Прв мандат советник

 

Окан Абдулов

Роден е 31.01.1997 година во Гевгелија. Онсовно училиште завршил во своето родно место, а средно во Гостивар.

Денеска работи во приватна компанија, како стручен работник кранист.

- Прв мандат советник

 

Мила Дончева

Родена 18.01.1989 година во Валандово. Дипломирала на економскиот факултет во Скопје, на департментот финансиски менаџмент.

Денеска работи како благајник и сметководител во трите училишта во општина Валандово.

- Прв мандат советник

Никола Танушев

Роден 08.06.1989 година во Гевгелија. Дипломира на универзитетот ФОН во Скопје на катедрата за Дизајн и Мултимедија. По своето дипломирање работи како професионален фотограф и графички дизајнер.

Денеска работи во сопствено студио за графички дизајн „Скалар“.

- Прв мандат советник

 

Марија Петкова

Родена 09.03.1989 година во Гевгелија. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Работи како помлад соработник во подрачната единица на МЗШВ во Валандово.

- Прв мандат советник

 

Валентина Јанева

Родена на 02.06.1973 година во Валандово. Дипломирала на економскиот факултет, при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во делот финансиски менаџмент.

Работи како сметководител во „Конто Логистик“ во Валандово.

- Прв мандат советник

 

Владимир Василев

Роден 09.03.1968 година во Валандово. Дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како менаџер за бизнис и логистика.

Денеска е сопственик на приватна фирма која се занимава со електрика и одржување.

- Прв мандат советник


СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ


 

Јулија Тушевска

Родена на 03.05.1985 година во Валандово. Дипломирала на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје како професор по одделенска настава.

Работи како одделенски наставник во ООУ „Јосип Броз Титот“ - Валандово.

-Прв мандат советник

 

Тоше Тодоров

Роден на 09.10.1984 година во Валандово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје како машински инженер.

Работи како машински инженер во Конти Хидропласт - Гевгелија.

-Прв мандат советник

 

Лазар Ангелов

Роден на 01.03.1990 година во Валандово. Завршил средно образование во Гевгелија како метало-бравар.

Моментално е невработен.

-Втор мандат советник

 

Аспарух Москов

Роден на 23.01.1956 година во Гевгелија. Завршил средно образование во градежно-техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга како градежен технограф-специјалист за асфалт.

Работи како раководител на ниска градба (улици и патишта).

-Прв мандат советник

 

Ивана Готиќ

-Втор мандат советник

 

Анита Коцева

Родена на 01.04.1985 година во Гевгелија. Дипломирала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како професор по предучилишно воспитување.

Моментално е невработена.

-Прв мандат советник

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches