ВАЛАНДОВСКА ПАТЕКА ОД ПРИРОДА ДО КУЛТУРА (ТУРИСТИЧКО УРЕДОВАЊЕ НА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ)
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов извршија увид во градежните работи на проектот "Валандовска патека од природа до култура" кој е во завршна фаза на имплементација.
Со реализацијата на овој проект, општина Валандово добива нова туристички уредена зона со елементи за рекреација и спортување на граѓаните од сите возрасти. Овој два проект е поддржан од Министерството за локална самоуправа, општина Валандово, Бирото за регионален развој и фондовите за прекугранична соработка при ЕУ.
Проектот вклучува:
• Проширување и реконструкција на постоечкиот пат од Валандово до манастирот св. Ѓорѓи;
• Осветлување;
• Формирање на паркинг зони;
• Поставување на павиљони со различни визури;
• Изградба на трим патека;
• Изградба на забавен парк за деца;
• Уредување на просторот околу манастирот;
ЛИНК до 3D анимација.








?