Macedonian English

Општина Валандово - Добредојдовте

Збратимување на Валандово со Сиврихисар, Р.Турција

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

picture 106    Во деновите од 22.03. до 25.03 2012 година, делегација на општина Валандово на чело со градоначалникот Николче Чурлиновски присуствуваше во Република Турција. Целта на посетата беше потпишување на Спогодбата за збратимување на градовите Валандово и Сиврихисар. Иницијатори на ова збратимување беа Амбасадата на Република Македонија во Турција и Здружението на Македонско-Турско пријателство во Анкара.                                                                            

    Официјалното потпишување на спогодбата се случи на 24.03.2012 година и беше вклопено со свеченостите по повод чествувањето на празникот “Републиката се раѓа“. Чинот на потпишување беше конакот “Заим-Ага“ каде што на истиот датум во 1922 година Мустафа Кемал Ататурк го одржал првото Собрание на советот надвор од Анкара и затоа овој ден се смета за празник на градот. Покрај ова, делегацијата присуствуваше и во Анкара и таму се посетија повеќе знаменитости од историјата на Турција, меѓу кои Мавзолејот на Кемал Ататурк, Музејот на хероите и други. Посетена беше и Амбасадата на Република Македонија во Анкара, Инстуитутот за турски јазик, општина Кечуран-најголемата општина во Анкара со 1.000.000 жители.

   Збратимувањето на градовите треба да ја развие соработката на културно и економско поле и да ги продлабочи пријателските односи меѓу двата народа и двете држави. Инаку градот Сиврихисар се наоѓа во централна Турција, оддалечен 135 километри од Анкара и паѓа во регионот на градот Есешихир. Има околу 10.000 жители.picture 176


 

Поставување на рабници во село Јосифово

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта
img_9136          Деновиве се поставуваат нови бетонски рабници во должина од 3000 метри на  веќе асфалтираните улиците во село Јосифово. Вредноста на проектот изнесува 1.800.000,00 денари,  средства обезбедени од буџетот на општина Валандово. img_9112

 

Решен проблемот со водоснабдување на село Казандол

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта
img_9081Проблемот кој години наназад го имаа жителите на село Казандол кое е населено со население од турска популација, конечно е решен. Направена е нова 50 метарска бушотина, поставена е водотопна пумпа, извлечена е 350 метри линија за трофазна струја и 550 метри линија за вода до резервоарот. Проектот е финансиран со 300.000,00 денари од буџетот на општина Валандово и 1.000.000,00 денари донација од Казино “Принцес“.img_9103

 

Временска прогноза

Partly Cloudy Sunny PM Showers
16°C 27°C 26°C
Саб Нед Пон

Линкови

Банер
Банер
Банер
Банер