ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА

Постоечката библиотека во Валандово е формирана во 1945 година и најпрвин била сместена во куќата на Ристо Стамков во самиот центар на градот. На почетокот броела 850 наслови кои биле подарени од домашните библиотеки на граѓаните од општината. До 1956 година градската библиотека во Валандово се викала Народна Библиотека, а потоа го добила сегашното име “Гоце Делчев”. Библиотеката од 1955 до 1959 година работела во куќата на Јован Јованов, а од 1959 година до 1961 година во просториите на пензионерскиот дом, односно малата ресторанска просторија на ЗК “Анска Река”. Од 1961 до 1981 година била сместена во просториите на некогашната кафеана “Балкан” . Од 1981 година библиотеката “Гоце Делчев” е сместена во просториите на културниот дом во Валандово.

Прв библиотекар бил Ристо Турунџиев а кратко по него работеле Пандора Гетова и Ѓорѓи Стојчев.  Од 1951 година за одговрен библиотекар бил поставен Васил Каракамчев кој работел се до неговото пензионирање, во 1987 година, во овој период од 1981 со работа како библиотекар исто така започнува Марика Манчева која работела се до 2011 година. Денес одговорен библиотекар е Љилијана Нанова која започнала со работа во 1997 година .

Библиотечниот фонд од самото формирање на библиотеката бил во постојан пораст и во 1995 година изнесувал 27 500 публикации а до ден денешен тој број е зголемен на фонд од 36 620 книги , кои се поделени во оддел за возрасни кој содржи 25 605 книги , оддел со книги за деца кој содржи 11 023 книги и роднокрајна збирка која брои 173 книги. Библиотеката е збогатена со книги од неколку капитални проекти на Владата на Р.Македонија како што е проектот “Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници”, проектот “Ѕвезди на светската книжевност” и проектот “Нобеловци”.

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches