СОВЕТ НА ОПШТИНА

 

СОВЕТНИЦИ

СЕДНИЦИ НА СОВЕТ

ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ


1. Совет на општина

Член 18

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните.

Советот на општината го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.

Членот на Советот не може да биде отповикан.

Член 19

Советот на општината избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.

Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот на општината, се грижи за организацијата и работата на Советот и ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 (три) дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.

Член 20

Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечена изјава која гласи:

“Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, пропипсите на Советот и дека ќе го штитам поредокот на Република Македонија“.

Член 21

Советот на општината ги врши следните работи:

1. Донесува Статут на општината;

2. Донесува Деловник на Советот;

3. Донесува Програма за работа;

4. Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на општината;

5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;

6. Донесува Генерален урбанистички план;

7. Донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација за населено место во општината;

8. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;

9. Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;

10. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;

11. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствена заштита, противпожарна заштита, во рамки на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со националната програма;

12. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;

13. Донесува Програма за јавно осветлување;

14. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;

15. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;

16. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење;

17. Донесува Програма за одржување на гробиштата;

18. Донесува Програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;

19. Донесува Одлука за јавна чистота;

20. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;

21. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;

22. Донесува Одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;

23. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;

24. Го уредува и одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење;

25. Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;

26. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;

27. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;

28. Именува членови на управните одбори и јавните служби, кои ги основа;

29. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основал;

30. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;

31. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основал;

32. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;

33. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината, во согласност со закон;

34. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;

35. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот Правобранител;

36. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;

37. Избира и разрешува претседател на Совет;

38. Формира постојани и повремени комисии;

39. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;

40. Востановува општински признанија и награди;

41. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;

42. Врши други избори и именувања од своја надлежност;

43. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;

44. Врши и други работи.

Член 22

Советот на општината одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.

Гласањето на седниците на Советот е јавно освен ако Советот не одлучи за одделни прашања гласањето да е тајно.

Член 23

Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотрес и сл.) и при посета на делегација од друга земја кога истата сака да се обрати на членовите на Советот.

Член 24

Вонредната седница ја свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива на предлог на најмалку 1/3 од членовите или на предлог на Градоначалникот.

Поканата за седницата со предложениот дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.

Пред отпочнувањето со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа.

Член 25

За претресување на прашања од своја надлежност Советот формира комисии.

Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.

Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.

Член 26

Постојани комисии на Советот се:

  • Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за Статут и прописи;
  • Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

Комисиите се составени од 5 (пет) члена на Советот.

Член 27

Комисиите на Советот на општината:

  • расправаат за прашања од областа за која се формирани;
  • даваат мислења и предлози до Советот;
  • ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.

Член 28

Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски иразвој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на општината, Буџетот и годишната сметка како и прашањата од планирањето и програмирањето на локалниот економски развој.

Член 29

Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштитата на животната средина и природата ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашањата за заштитата на животната средина и природата.

Член 30

Комисијата за општествени дејности ги разгледува прашањата од надлежност на општината а кои се однесуваат на културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здравствената заштита, јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот како и противпожарната заштита.

Член 31

Комисијата за Статут и прописи го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измени на Статутот и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер.

Го утврдува предлогот на деловникот на Советот.

Подготвува предлог мислења по предлог законите кои се однесуваат на општината.

Разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на општината.

Член 32

Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетните прашања.

Разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на општината.

Определува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица.

Дава предлог за висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на општината, како и на трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на општината.

Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на општината на својата прва седница.

Член 33

Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на општинта на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.

Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.

Политичките партии кои партиципираат во Советот на општината ќе бидат пропорционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.

Член 34

Начинот на работа на комисиите поблиску се уредува со Деловникот на Советот на општината.

(извадок од Статут на Општина Валандово)

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches