ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

ТЕЛА:

- Службеник за млади (ЛИНК)

- Иницијативен одбор (ЛИНК)

- Локално собрание на млади (ЛИНК)

- Локален младински совет (ЛИНК)


ДОКУМЕНТИ:

- Програма за млади на општина Валандово за 2022 година (pdf)

- Информација за процесот на формирање на Локален младински совет на Општина Валандово (pdf)

- Прирачник за локални младински совети (ЛИНК)

- Закон за младинско учество и младински политики (ЛИНК)

- Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Валандово (ЛИНК)


ИНФОРМАЦИИ:

Преку Локален Младински Совет (ЛМС) младите добиваат гарантирано учество со цел нивниот глас да биде слушнат и даваат свој придонес во локалната заедница.

Локалниот младински совет во своето работење иницира, планира, учествува и/или дава мислење за креирање политики, стратегии, акциски планови и други стратешки документи во рамките на Општината кои се однесуваат на младите од локалната заедница.

Улога и надлежности на Локалниот младински совет

Локалниот младински совет има советодавна улога во Општината за прашања кои се однесуваат на младите во локалната заедница, и е важно тело за застапување на младите и нивните потреби и интереси. За успешно да ја извршува оваа улога членовите на ЛМС треба да имаат редовна комуникација со службеникот/чката за млади и Општината.

Улогата на Локалниот младински совет за Општината:

• Да биде застапничко и советодавно тело за младински прашања и политики во Општината и да ги претставува интересите на сите млади од заедницата;
• Да предлага точки на дневен ред на Советот на Општината, кои ги засегаат младите за прашања поврзани со младите, според идентификуваните потреби и да предлага соодветни решенија;
• Да учествува или да биде консултиран во креирањето локални политики кои се значајни за младите од локалната заедница;
• Да го следи спроведувањето на локалните политики кои ги засегаат младите, да поднесува извештаи и предлози за подобрување на истите;
• Да ги извршува редовно и одговорно административните обврски кон Општината и да добие обука за истите како да ги извршува.

Локалниот младински совет има значајна улога за младите од заедницата, и треба да има разбирање за проблемите на младите, за барањата кои младите ги имаат, да им овозможи да се слушне нивниот глас и да бидат препознаени од страна на младите. Од голема важност е претставниците на Советот да бидат во постојана комуникација и спознавање на младите во локалната заедница преку средби, консултации и др.

Улогата на Локалниот младински совет за младите од локалната заедница:

• Да ги консултира младите за младински прашања и приоритети, слушање на гласот на младите;
• Во етнички мешани средини (и не само во нив) да се делува со интеркултурна сензитивност и да се имаат предвид потребите на сите млади особено на младите кои се маргинализирани, кои доаѓаат од помали етнички заедници и др;
• Да ги информира младите за донесените измени и одлуки од страна на Советот на Општината за прашања поврзани со младите;
• Да го поттикне и промовира активното граѓанско учество на младите;
• Да ги вклучува младите во донесувањето одлуки за младински прашања;
• Да промовира меѓусебна почит и разбирање за младите, промоција на инклузија и диверзитет.


?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches