Врз основа на член 4 став 2 од Законот за заштита на укажувачи („Сл.весник на РМ“ бр.196/15, 35/18 и „Сл.весник на РСМ“ бр.257/20), член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр.46/16), член 50 став 1 точка 14 и член 63 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 36 став 1 алинеја 8 и член 50 став 3 од Статутот на Општина Валандово, Градоначалникот на Општина Валандово донесува РЕШЕНИЕ за назначување на лице овластено за прием на пријави од укажувачи:
БОРО КИРОВ - Секретар на Општина Валандово
e-mail: administracija@valandovo.gov.mk
Телефон: (034) 382-007
Општина Валандово
ул. Иво Лола Рибар бр.3
2460 Валандово
Република Северна Македонија
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Укажувачот, со добра намера врши заштитено внатрешно пријавување со поднесување на пријава:
- во писмена форма (лично или препорачано по пошта)
- по електронски пат преку електронско сандаче, или
- усно на записник пред овластеното лице
Пријавата во писмена форма или усно на записник укажувачот ја поднесува до овластеното лице во текот на работното време.
Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на поднесената пријава.
Регулативи за заштитено внатрешно пријавување:
ЗАКОН за заштита на укажувачи (pdf)
ПРАВИЛНИК за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор (pdf)
УПАТСТВО за прием на пријави од укажувачи во Општина Валандово (pdf)