ИЗБРАНИ УЧЕНИЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА


Ученикот Бојан Иванов од ООУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово и ученичката Марија Попова од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово, се нашите најдобри ученици годинава.

Во името на граѓаните на општина Валандово градоначалникот Перо Костадинов им честиташе на Бојан и Марија за постигнатото и им посака многу успеси, нови знаења, радости и животни победи.

„Продолжете по патот на науката, не штедете се и секојдневно поставувајте повисоки цели. Верувајте во сопствениот потенцијал, надградувајте го и движете го светот напред. Создавајте вредност, бидете предводници во заедницата и направете ја разликата.“ - им порача градоначалникот.

Само напред 👏



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР