Започнува организирано собирање на отпад во населените места Башибос и Кочули


Со внесувањето на Башибос и Кочули во организираниот систем за собирање на отпад и поставувањето на нови контејнери од страна на ЈП "Комунален сервис", значително се подобрува заштитата на животната средина во овие населени места и се гради систем кој поттикнува на нови навики и поголема одговорност кон околината.

Во претходниот период ЈП "Комунален сервис", започна организирано да го собира отпадот во населените места Брајковци, Балинци, Марвинци, Удово, Чалакли, Дедели и Грчиште, како и во двете туристички зони во општината.

Намерата е, за краток период, да се опфати секој дел од општината и да се создаде здрав и одржлив еко систем.

Апелираме до граѓаните, отпадот да го фрлаат во поставените контејнери за отпад или за ослободување од истиот да се обратат до општинското јавно комунално претпријатие. Чистата животна средина е предуслов за заедница со здрава иднина. Обврската е заедничка. Одговорноста е сечија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР