🚮 ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ВАЛАНДОВО


Општина Валандово беше дел од големата еколошка акција за чистење на отпад, „Генералка викенд“, организирана од Man And Mountain, а поддржана од Пивара Скопје и ПАКОМАК.

🙌 Во акцијата учествуваа учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ и ООУ „Јосип Броз Тито“, вработените во ЈП „Комунален Сервис“ и други еколошки одговорни граѓани.

🌳 Чистењето се одвиваше на локации во Удово и Валандово, селектирајки го отпадот кој се собира. Со акцијата се постигнува двостран ефект по животната средина, односно за секои 10 килограми собран отпад, предвидено е засадување на едно дрвце.

♻️ Организирајки акции од ваков тип, го чистиме отпадот околу нас, садиме нови дрвца, втемелуваме здрави навики кај најмалите и создаваме еколошки одржлива иднина за заедницата.

Одговорноста е заедничка 🤝



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР