ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧЕ


🎒 Воведена е нова мерка за доделување на еднократна парична помош за семејствата кои имаат прваче.

📚 Мерката предвидува еднократен додаток од 4000 денари за секое прваче во општината и има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството.

Паричната помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина #Валандово, од страна на семејствата.

Барањето за остварување на еднократна помош за прваче, може да се поднесе:
📲 онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа „мЗаедница“, во делот за „Субвенции“;
🗒️ писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово,

Барањето е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот линк:
▶️ https://valandovo.gov.mk/Општини/Услуги/Обрасци.aspx

📑 Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:
🔸 потврда од Општинско основно училиште за запишан ученик во прво одделение во тековната учебна година;
🔹 фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
🔸 фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителот-подносител на барањето;
🔹 фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-подносител на барањето;

Аплицирањето за еднократниот додаток ќе може да се реализира до 31.01.2022 година.

Продолжуваме заеднички да развиваме солидарна заедница и меѓусебно се поддржуваме.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР