ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седумнаесеттата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам седумнаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 26ти декември2022 година (понеделник) во 15:00 часот во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на седумнаесеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог - Буџет на Општина Валандово за 2023 година;
  2. Предлог - Одлука за извршување на Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
  3. Предлог - Буџетски календар за 2023 година;
  4. Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2023 година;
  5. Предлог - Правилник за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на вработените во ТППЕ Валандово кои имаат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето;
  6. Финансиски план на ЈОУДГ ,,Калинка” Валандово за 2023 година;
  7. Предлог - Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Валандово за 2023 година;
  8. Предлог- Програма за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
  9. Предлог - Програма за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2023 година;
  10. Предлог - Програма за работа и развој на Јавното претпријатије ,,Комунален сервис” Валандово за 2023 година;
  11. Предлог - Програма за одржување на јавната чистота во Општина Валандово за 2023 година;
  12. Предлог - Програма за локален економски развој на Општина Валандово за 2023 година;
  13. Предлог - Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на подрачјето на Општина Валандово за 2023 година;
  14. Предлог - Програма за работа на ТППЕ Валандово за 2023 година;
  15. Предлог -Програма за млади и спорт на Општина Валандово за 2023 година;
  16. Предлог - Програма за активности на Општина Валандово во областа на културата во 2023 година;
  17. Предлог - Програма за активности на Општина Валандово во областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2023 година;
  18. Предлог - Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Валандово за 2023 година;
  19. Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Валандово за 2023 година;
  20. Предлог-Програма за одбележување на значајни дати, настани и личности од поблиското и подалечното  минато на македонскиот народ и општината во 2023година;
  21. Предлог - Одлука за примање и давање на трајно користење на движни ствари на СОУ “Гоце Делчев”Валандово.

 

 

                                                                                                 Претседател

                                                                           на Совет на Општина Валандово

                                                                                             Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР