ПРОЕКТИ ВО ФАЗА НА РЕАЛИЗАЦИЈА
Општина Валандово известува дека следните проекти се во фаза на реализација:
- Изградба на фитнес зона во Пирава
- Нов водовод во Калково
- Изградба на канализација со колектор во Раброво
- Реконструкција на фудбалско игралиште во Пирава
- Реконструкција на тротоарски површини на улица „Моша Пијаде“ во Валандово
- Изградба на улица „Цветан Димов“ во Пирава (од пошта до гробишта)
- Нова детска градинка во Јосифово
- Изградба на каскаден систем и систем за канализирање на атмосферските води во Јосифово
- Уредување на простор и изградба на нови паркови во Јосифово, Брајковци, Горна маала (Јосифово), Марвинци и Чалакли
- Уредување на два нови урбани простори во Валандово
- Реконструкција на Дом на култура во Дедели
- Изградба на повеќенаменско игралиште во Собри
- Изградба на стационар за кучиња бездомници
- Подготовка на инфраструктурен проект за изградба на прочистителна станица за фекални води во Валандово
- Изградба на улица со канал од регионален пат до село Калково (прв влез во Јосифово)
- Отварање и уредување на 2 нови индустриски зони
- Подготовка на техничка документација за изградба на обиколница