ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ


- ПРАВИЛНИК за начинот на остварување на правото на користење на средства во вид на едократна парична помош и потребна документација за остварување на ова право (pdf)


1. Износ на субвенција: 2.000 - 20.000 денари 

2. Начин на аплицирање:

- Електронски со прикачување на документите преку платформата „мЗаедница“ на следниот ЛИНК или со превземање на мобилната апликација од App Store за iPhone: https://apple.co/2SbERqJ или од Google Play за Android: https://goo.gl/Y9qhpE (повеќе информации на: www.mzaednica.mk)

- Физички во просториите на ЕЛС Валандово со достава на документите во печатена форма - БАРАЊЕ (pdf)

3. Потребна документација (во зависност од видот на Барањето):

- Фотокопија на важечка лична карта;

- Фотокопија на извод од матичната книга на умрените, за починат член на семејството (доколку барањето се однесува за состојба на социјален ризик поради смрт);

- Потврда од Агенцијата за вработување на Р.С.Македонија, за неврботени членови на семејството (доколу се работи за состојба од социјален ризик поради невработеност);

- Фотокопија од Трансакциска сметка;

- Записник од надлежен орган за претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес);

- Медицинска документација за подолготрајно лекување во странство и потреба од медицинска интервенција за член од семејството (конзилијарно мислење од соодветна Клиника за потребата од лекување во странство и решение од Фондот за здраствено осигурување за утврдената партиципација);

- Медицинска документација за подолго лекување во здравствена установа (од матичен лекар, лекар-специјалист или отпусна листа);

- Решение од надлежниот центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост во менталниот и телесниот развој;

- Потврда од Центарот за социјална работа дека лицето е евидентирано под некоја од следните категории лица: инвалиди, деца без родители и без родителска грижа, деца со пречки во телесниот и менталниот развој, децата на улица, децата со воспитно-социални проблеми, децата од еднородителски семејства, лицата кои злоупотребуваат дроги и алкохол, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, стари лица без семејна грижа и лица со друг вид на социјална исклученост.

4. Рок на аплицирање: во текот на целата година


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР