ИСАР КУЛАТА - ВАЛАНДОВО
Преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион, во Валандово се уредува туристичка патека за рекреација, од манастирот Св. Горѓи до археолошкиот локалитет Исар Кулата.
Станува збор за патека во должина од 700 метри. Вдолж патеката е поставена урбана опрема, клупи и патокази, а истата е и осветлена. Кај археолошкиот локалитет Исар Кулата, до каде води патеката, согласно проектот, ќе биде поставен телескоп за набљудување.