ПАРК - ШУМА ВАЛАНДОВО
Започнува постапка за изградба на парк - шума во Валандово. Истата ќе биде во непосредна близина на градот, со повеќе пристапи и панорамски поглед од локацијата кон Валандово и Валандовската котлина.
Парк шумата, ќе опфаќа пристапни патеки, рекреативни зони, вештачко езерце, амфитеатар, простор за домашни миленици, детски парк, рекреативни зони, садници дрва и партерни елементи.