ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ ВО МАРВИНЦИ
Заврши изградбата на нови тротоарски површини, долж регионалниот пат во населеното место Марвинци.
Новата пешачка зона овозможува слободен пристап на граѓаните до централниот дел од населеното место и подрачното општинско училиште.
Целта е формирање на безбедна и урбана зона за пешаците.