ФАЗА2 - ПОВРЗУВАЊЕ НА ГОРНА МААЛА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ
Општина Валандово потпиша договор со Министерството за транспорт и врски, за изградба на втората фаза од улицата која ги поврзува Горна Маала и Јосифово со регионалниот пат.
Инвестицијата опфаќа изградба на улица во должина од 700 метри, ширина од 6 метри и тротоар долж целата траса, со ширина од 1.5 метри.
Со ова, комплетно се заврши инфраструктурното поврзување меѓу двете населени места и се решава деценискиот проблем за граѓаните од Горна Маала.