ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ ВО ВАЛАНДОВО
Завршија градежните активности на влезот во Валандово, покрај булеварот Првомајска, кон внатрешноста од градот. Се создава нова безбедна и рекреативна зона за граѓаните.
Предвидена е изградба на тротоари, зелени површини, партерно осветлување, жардињери, клупи, корпи за отпадоци, знаци и патокази, како и засадување на 50 садници листопадни дрва.